Топлификација доби државен заем од 4 милиони евра

Bez autora
Jan 08 2012

Владата во интерес на скопските потрошувачи на топлинска енергија финансиски ја поткрепува Топлификација со 4 милиони евра. Како што велат извори од Владата, се работи за заем одобрен од државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО. Образложението за ваквата финансиска инјекција е дека дистрибуцијата на парното греење е јавна услуга и државата треба да помогне во вакви алармантни ситуации. Според информациите заемот е со камата од 9 % и таа треба да се врати до крајот на 2012 година на 8 рати. Скопска Топлификација ратите ќе почне да ги отплаќа од мај до декември годинава. Доколку компанијата не успее навреме да го врати заемот, ќе се активираат хипотекарните задолженија. Неофицијално дознаваме дека менаџментот на Топлификација уште во ноември 2011 година доставил барање до Владата да и се помогне на компанијата со 5 милиони евра државни пари, оти во спротивно граѓаните на град Скопје ќе останат без парно. Тие образложението го темелеле на фактот дека компанијата немала средства за набавка на природен гас и мазут, неопходен за производство на топлинската енергија.

Топлификација доби државен заем од 4 милиони евраВладата во интерес на скопските потрошувачи на топлинска енергија финансиски ја поткрепува Топлификација со 4 милиони евра.

Како што велат извори од Владата, се работи за заем одобрен од државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО. Образложението за ваквата финансиска инјекција е дека дистрибуцијата на парното греење е јавна услуга и државата треба да помогне во вакви алармантни ситуации.

Според информациите заемот е со камата од 9 % и таа треба да се врати до крајот на 2012 година на 8 рати. Скопска Топлификација ратите ќе почне да ги отплаќа од мај до декември годинава. Доколку компанијата не успее навреме да го врати заемот, ќе се активираат хипотекарните задолженија.

Неофицијално дознаваме дека менаџментот на Топлификација уште во ноември 2011 година доставил барање до Владата да и се помогне на компанијата со 5 милиони евра државни пари, оти во спротивно граѓаните на град Скопје ќе останат без парно. Тие образложението го темелеле на фактот дека компанијата немала средства за набавка на природен гас и мазут, неопходен за производство на топлинската енергија.

Топлификација на почетокот на декември ја информирала Владата дека ќе го исклучат парното греење за целиот град. Во тој период до скопските потрошувачи од страна на компанијата беа доставени писмени известувања со коишто тие бараа од нив да се откажат од користењето на топлинската енергија, оти заради намалувањето на конзумот, износот на сметките растел, а тие во ваков случај ќе треба да платат парно и за комшијата.

Како што велат изворите од Владата, два милиони евра веќе се префрлени, а до крајот на овој месец ќе бидат исплатени и останатите средства од договореното.

Енергетските експерти ја одобруваат владината одлука од аспект на одржувањето на целокупниот електроенергетски систем. Според нив, доколку сите корисници на парно греење се префрлат на електрична енергија тоа ќе биде шок за мрежата и од аспект на оптовареност и од аспект на цената на струјата.

- Кога има итен интервентен увоз, тогаш мегават час може да достигне и 200 евра, што е многу висок износ доколку се има предвид дека редовниот увоз на струја се движи во просек од 80 до 140 евра по мегаватчас - тврдат експертите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik